Путин: Рано е да се зборува за воена интервенција на Русија против ИД

Путин: На господ е дали ќе им се прости на терористите, на мене е да ги однесам до него
Путин: На господ е дали ќе им се прости на терористите, на мене е да ги однесам до него

Многу е рано да се зборува за воена интервенција на Русија во Сирија во борбата против организацијата „Исламска држава“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

На прашањето за евентуално вклучување на Русија во војна против ИД, Путин одговори дека се разгледуваат разни варијанти, но дека тоа не е во програмата.

– Премногу е рано да се каже дали сме подготвени да го направиме тоа. Обезбедуваме сериозна помош за Сирија во форма на воена опрема и обука на војници, како и вооружување, изјави Путин на маргините на економски форум во Владивосток, пренесува МИА.

Рускиот претседател не даде повеќе детали за нивото и условите во кои се прави воената обука, ниту пак дали во Сирија има руски воени инструктори.

Путин нагласи дека американските воздушни напади врз позиции на радикалната исламистичка група не се особено ефикасни.