Путин разочаран од изјавата на Меркел за договорите од Минск, признава дека предоцна започнала инвазијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека е разочаран од искажаното од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за нејзините и европски мотиви за склучување на договорите од Минск за запирање на граѓанската војна во Украина.

Посочувајќи дека специјална воена операција, како што Москва ја нарекува својата офанзива во соседната земја, можела да биде започната и порано но дека руската страна очекувала исполнување на Минските договори.

На почетокот од септември украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидуваше да воспостави мир во источна Украина. Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени беа преговори на различни нивоа во рамките на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција. Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како Мински договори, чиешто непочитување од страна на Киев беше едно од образложенијата на Москва за почетокот на нејзината инвазија во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско и рускојазично население од наводно подготвената воена офанзива на украинската војска.

Путин истакна дека изјавата на Меркел била за него претставува разочарување, бидејќи секогаш во разговорите тргнувал од тоа дека германските власти со искреност се однесуваат кон Русија.

„Тоа е разочарувачки. Искрено зборувајќи, не очекував да го слушнам ова од поранешната германска канцеларка“, рече Путин и додаде дека изјавата на Меркел сега „само зборува дека сторивме сѐ што е исправно во однос на започнувањето на специјалната воена операција“.

„Произлегува дека никој немал намера да ги исполни договорите од Минск“, изјави Путин за новинарите во киргистанската престолнина Бишкек каде што челниците на земјите од Евроазиската економска унија потпишаа 15 документи за меѓусебна потесна соработка.

„Украинските власти, според искажувањата на поранешниот претседател (Петро) Порошенко, и покрај тоа што ги потпишаа немаа намера да ги исполнат. Но, сепак, се надевав дека другите потписници се искрени со нас. Се покажува дека и тие нѐ мамеле, а поентата била само да се снабдува Украина со оружје и да се подготвува за воени дејствија. Очигледно, да бидам искрен, предоцна се снајдовме. Можеби требаше сево ова да го започнеме порано, но едноставно се надевавме дека ќе успееме да постигнеме договор во рамките на Минските спогодби“, рече Путин.

Во интервјуто од средата за германскиот весник Die Zeit, Меркел ги опиша договорите од Минск како „трик“ и „обид да ѝ се даде време на Украина да зајакне“. Според неа, „на сите им беше јасно“ дека конфликтот е замрзнат и дека проблемот не е решен, „но со тоа на Украина ѝ беше дадено непроценливо време“. Меркел, притоа, изрази сомневање дека земјите од НАТО би можеле тогаш да му дадат поддршка на Киев во онаа мера како што тоа го прават сега.

Со Минските договори, инаку, беше предвидено прекинување на борбените дејствија во Донбас и давање широка автономија во рамките на Украина на одметнатите доминантно руски регионот Доњецк и Луганск кои во септември годинава со референдуми се присоединија на Русија. Иако Западот тоа го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, некои западни аналитичари сметаат дека токму руската јурисдикција над овие територии се во западните престолнини се разгледува како понуда за запирање на руско-украинската војна,