Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека руските сили се сѐ поблиску до исполнувањето на нивните главни цели на бојното поле во Украина и секој ден преземаат контрола врз значителен дел од територијата.
Одговарајќи на прашања кои традиционално телефонски директно ги поставуваат руските граѓани, но оваа година се спроведуваш истовремено со прес-конференција на која беа присутни и странски новинари, Путин рече дека руските сили напредуваат по целата линија на фронтот.
„Морам да кажам дека ситуацијата драматично се менува (…) силите напредуваат по целата линија на фронтот. Секој ден“, рече Путин.
Воените аналитичари, и руски и западни, со седмици тврдат дека Русија напредува во источна Украина со најбрзо темпо од 2022 година.
„Нашите борци враќаат квадратни километри територија. Се водат тешки битки и бесмислено е да се погоди што ни претстои, но ние се движиме кон решавање на нашите примарни задачи што ги наведовме на самиот почеток. специјална воена операција“, истакна Путин
Зборувајќи за присуството на украински војници во руската област Курск, кои направвија пробив на почетокот од август, Путин рече дека тие дефинитивно ќе бидат истисната од таму, но не даде временска рамка кога тоа би можело да се случи.
Рече и дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и порача дека Русија станува сѐ посилна. Додаде дека не знае кога двајцата би можеле да се сретнат.
Путин рече дека Русија не е поразена во Сирија и дека Москва дала предлози до новите власти во Дамаск во врска со руските воени бази таму. Рече дека сѐ уште не се сретнал со Башар ал-Асад кој беше евакуиран во Москва, но дека планира да се сретне со него и дека ќе го праша за судбината на исчезнатиот во Сирија американски новинар Остин Тис.
Зборувајќи за состојбата на руската економија, Путин рече дека таа покажува знаци на прегревање, што поттикнува загрижувачки висока инфлација. Ја поддржа затегнатата монетарна политика на централната банка, но исто така посочи дека можела да дејствува понавремено.
„Таму има некои проблеми, имено, инфлација, одредено прегревање на економијата, а владата и централната банка веќе имаат задача да го намалат темпото“, рече Путин.
Нагласи дека како резултат на строгата монетарна политика и владините мерки за „ладење“ на економијата, стапките на економски раст во 2025 година ќе се намалат од овогодишните четири проценти.
„Мислам дека (стапката на раст) следната година би требало да биде некаде околу 2 до 2,5 отсто, еден вид меко приземјување за одржување на макроекономските показатели“, додаде Путин.
Путин рече дека западните санкции се, исто така, виновни за високите цени, како и слабата жетва оваа година поради екстремните временски услови во многу земјоделски региони низ Русија.
Упорно високата инфлација, поттикната во последните месеци од скокот на цените на храната, ги погоди џебовите на Русите. Последните податоци за инфлацијата покажуваат дека во текот на една седмица во декември доматите поскапеле за 4,1 отсто, а краставиците за 10 отсто, пишува Reuters и додава дека минатата година ова време Путин беше принуден да упати ретко извинување поради поскапувањето на јајцата.