Путин: Русија може да ги национализира средствата на странските компании кои се повлекуваат од земјата

Рускиот претседател владимир путин преку државната телевизија им се обрати на русите порачувајќи им дека не постои проблем кој владата не може да го реши, откако во руската јавност се појавија информации за недостаток на одредени производи. рускиот претседател тврди дека западните земји кои преземаат „непријателски чекори кон русија и нејзината економија“ а во исто време на своите граѓани им порачуваат да го затегнат коланот и да облечат потопли алишта, не можат да ја обвинат москва за порастот на цените.

-Што се однесува до земјите кои преземаат непријателски чекори против нашата земја и економија, јас и вие многу добро знаеме – тие ги повикуваат своите граѓани да го стегнат ременот и да се облекуваат потопло. и ги посочуваат санкциите што ни ги воведуваат како причина за влошување на ситуацијата. сето ова изгледа многу чудно, особено што ги исполнуваме сите наши обврски. би сакал уште еднаш да нагласам дека ги исполнуваме сите наши обврски во однос на снабдувањето со енергија, рече Путин на состанокот со членовите на руската влада.

путин тврди дека русија продолжува да извезува нафта и гас, вклучително и преку украина.

-Ние ги почитуваме сите наши обврски во врска со снабдувањето со енергија, рече путин за време на седница на руската влада посветена на последиците од санкциите, емитувана на телевизија.

тој додаде дека „дури и системот за пренос на гас во украина е 100 отсто полн, согласно договорите“.

дополнително, рускиот претседател најави дека владата може да донесе одлука за национализирање на средствата на странските компании кои се повлекуваат од русија, поради инвазијата на украина.