Рускиот претседател Владимир Путин во вонредното кусо телевизско обраќање до нацијата во саботата претпладнето порача дека вооружениот бунт на приватната воена компанија „Вангер“ на неговиот донеадамнешен близок пријател Евгениј Пригожин е предавство предизвикано од преголемите амбиции и лични интереси и порача дека секој кој земал оружје во рацете протиув руската војска ќе биде жестоко казнет.
Путин порача дека руската војска добила наредба да ги неутрализира оние кои го организирале вооружениот бунт.
„Секој кој свесно тргна по патот на предавството, кој го подготвувал вооружениот бунт, трнала по патот на бунтот и терористичките методи ќе ја доживее неизбежната казна, ќе одговараат пред законот и пред нашиот народ“, рече рускиот претседател.
Путин постапките на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин ги оцени како предавство и обид за државен преврат.
„Се соочивме со предавство, преголемите амбиции кои доведоа до предавство на Русија“, рече Путин истакнувајќи дека сите кои се инволвирани во предавството ќе бидат казнети.
„Одговорот на државата ќе биде остар“, додаде рускиот претседател ветувајќи дека сите кои тргнале да го следат патот на предавството „задолжително ќе одговораат пред законот и народот“.
Путин во текот на обраќањето во врска со провокативните објави на бизнисменот и шефот на „Вагнер“ Пригожин дека со своите 25.000 борци од Украина преминал во Русија за да го „ослободи рускиот народ“ од рускито воен врв, потсети и дека граѓанската војна од 1917 година прдизвикана од комунистичката интернационала финансисрана од западните земји што доведе до уривање на царска Русија започнала на ист начин,
„Токму таков удар ѝ беше нанесен на Русија во 1917 година, кога се водеше Првата светска војна. Но тогаш победата ѝ беше украдена на Русија. Како резултат на трагедијата на граѓанската војна Русите убиваа Руси, брат брата си“, рече Путин.
Истакна дека Русија „повеќе нема да дозволи такво сценарио и ќе ги преземе сите неопходни мерки за да го заштити народот и државноста од секакви закани“.
Путин во обраќањето апелираше до граѓаните, вооружените сили и органите за спроведување на редот и законот, до борците и командантите кои „херојски се борат одбивајќи ги непријателските напади“ во Украина, да ја сочуваат присебноста.
„Русија сега води тешка борба за својата иднина, одбивајќи ја агресијата на неонацистите и нивните господари. Против нас е насочена буквално целата воена, економска и информативна машинерија на Западот. Се бориме за животот и безбедноста на нашиот народ, за нашиот суверенитет и независност. За правото да се биде и остане Русија, држава со илјагодишна историја“, рече Путин во обраќањето до нацијата.
Рускиот претседател рече и дека станува збор за битка „кога се решава судбината“ на рускиот народ и која бара обединување на сите сили, единство и одговорност од сите во земјата.
„Ова е време кога треба да се отфрли сѐ што нѐ ослабува, секое недоразбирање кое може да го искористи и го користи надворешниот непријател за поткопување однатре. Затоа, дејствијата кои го поткопуваат нашето единство се всушност отпадност од нашиот народ, од нашите бориц кои сега се борат на фронтот. Ова е заривање нож в грбот на нашата земја и нашиот народ“, рече Путин.
Рускиот претседател порача и дека ќе бидат преземени сите неопходни активности за стабилизирање на ситуација во милионскиот град Ростов на Дон, на југот
од земјата непосредно до границата со Украина.
Претходно во саботата Пригожин објави во иформации кои светските новински агенции велат дека не можат да бидат потврдени, дека единици на „Вагнер“ заземале воени објекти во овој град.
„А она со што се соочуваме е токму предавство. Преголемите амбиции и личните интереси доведоа до тоа предавство. До предавство и на својата земја и на народот, на оние со коишто рамо до рамо со другите наши единици се бореа и загинаа борците и командантите на групата ‘Вагнер’. Хероите кои ги ослободија Соледар и Артемовск (Бахмут), градовите и селата во Донбас, се бореа и ги дадоа своите животи за Новоросија, за единството на рускиот свет. Нивните имиња и слава ги предадоа оние кои се обидуваат да организираат бунт, туркајќи ја земјата кон анархија и братоубиство., до пораз и, на крајот, до капитуалција“, заклучи во обраќањето Путин.
Претходно во саботата Василиј Голубов, гувернерот на Ростовската област во која од Украина се префрлиле некои единици на „Вагнер“ им порача на жителите да останат мирни и да останат внатре.
„Сегашната ситуација бара максимална концентрација на сите сили за одржување на редот“, напиша тој на Telegram. „Агенциите за спроведување на законот ги преземаат сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста на жителите во областа“, додава.
Властите на руската престолнина Москва и неговата околина прогласија вонредна антитерористичка состојба поради вооружениот бунт на водачот на паравоената единица на Пригожин.
„Со цел да се спречат можни терористички напади во градот и во московската област, воспоставен е режим на антитерористички операции“, објави во саботата наутро рускиот Национален антитерористички комитет.
Во Москва се засилени безбедносните мерки. Областа Вороњеж во југозападна Русија, која граничи со Украина, исто така прогласи ист тип на вонредна состојба.