Русија е подготвена да помогне во решавањето на мигрантската криза на границата меѓу Белорусија и Полска, изјави во неделата рускиот претседател Владимир Путин.
Русија е клучниот сојузник на Белорусија којашто Европската унија ја обвинува дека со авиони доведува илјадници мигранти од Блискиот исток, главно Курди од Ирак, и дека ги испраќа илегално да ја минат нејзината источна надворешна граница.
„Подготвени сме да помогнеме со сите средства, доколу, секако, што и да е зависи од нас“, рече Путин.
Повторувајќи ги отфрлувањата дека Москва и Минск се вмешани во тоа, Путин за кризата го обвини Западот, алудирајќи на судирите кои ги поттикнуваше на Блискиот исток и во Авганистан.
Самите европски земји ги создадоа условите за прилив на мигрантите, оцени Путин коментирајќи ја ситуацијата со бегалците на полско-белоруската граница.
„Тие самите се виновни. Реков веќе зошто: и од политички, и од воени и од економски причини. Самите ги содадоа за да тргнат стотици илјади луѓе… и сега бараат виновници за да се ослободат од нив“, рече Путин во програмата на телевизијата Россия 1.
Во телевизиското интервју Путин изјави и дека двапати разговарал со белорускиот претседател Александр Лукашенко откако започна мигрантската криза, но и дека за неа првпат дознал од медиумите.
Група од 50 мигранти ја проби границата
Група од 50-ина мигранти успеакла да ја пробие граничната бариера, но уапсени се неколку часа подоцна во Полска, соопшти полската полиција. Инцидентот се случил доцна во саботата во близина на селото Дубице Церивне, на североистокот на Полска.
Полицијата првично објави дека во неделата уапсила 22 ирачки државјани, но подоцна во неделата рано попладнето соопшти дека ги притвориле сите преостанати мигранти кои ја минале границата.
Објавено е и дека целата група е протерана назад до белоруската граница. Критичарите велат дека присилното враќање на барателите на азил ги криши европските закони за човекови права.
Во Полсја на сила е законот за вонредна состојба во пограничната област, а одредува дека секои лице кое во земјата ќе влезе илегално, мора да ја напушти полската територија. Законот, исто така, ги ограничува граѓанските права и забранува протести во тие области. Барањето за азил, кои го предава лицата притворени за нелегален влез во земјата, според овој закон воопшто нема да бидат разгледувани.