Путин: Русија покажa дека е независна во секој поглед

Русија му покажа на целиот свет дека е независна во секој поглед, рече претседателот Владимир Путин.

„Главната работа што си ја докажавме себеси и на целиот свет е дека Русија е независна земја во секој поглед. Таа е силна и оди напред, и самоуверено гледа кон иднината. Ова е несомнено најважниот резултат од минатата година“, истакна претседателот на средбата со локалното население во најисточниот руски град Анадир.

„Дури и водечките европски економии минуваат низ тешки времиња. Ние сме во пораст, а тие се во пад. Ова не не радува, но останува фактот дека тие станаа повеќе зависни од нас отколку ние од нив“, додаде Путин.

„Проблемите во кои се фатени не можат ни да се споредуваат со нашите проблеми“, нагласи шефот на државата.