Русија може да му даде азил на Асад. Доколку сирискиот претседател Башар ал Асад биде принуден да ја напушти својата земја, Русија може да му даде азил на Асад, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германскиот весник „Билд“, пренесува МИА.
Многу беше потешко да му дадеме азил на Едвард Сноуден во Русија, отколку што би било за Асад, истакна Путин.
Прво Сиријците да гласаат, а потоа ќе видиме дали на Асад ќе му треба азил
Според него е премногу рано да се каже дали ќе треба Русија да му даде засолниште на Асад, чија земја речиси пет години е зафатена од граѓанска војна.
Прво Сиријците ќе треба да гласаат, а потоа ќе видиме дали Асад ќе треба да ја напушти земјата, ако загуби на изборите, нагласи Путин, признавајќи дека „Асад направил многу грешки за време на овој конфликт“.
Рускиот претседател додаде дека „Русија нема да дозволи Сирија да заврши како Ирак или Либија“.