Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека неговата земја е приморана сериозно да ги разгледа начините на кои што ќе одговори на заканите на НАТО, наметнати со активирање на ракетниот штит во Романија.
Мораме да побараме различни начини на кои што ќе ја неутрализираме заканата за нашата национална безбедност, што САД ја создадоа со нивниот ракетен штит во Европа. Тоа е чисто и јасно кршење на воениот договор меѓу Русија и САД, пред се поради тоа што тој штит мошне лесно може да добие напаѓачки карактер и исфрла ракети со среден и далек домет, предупредува Путин.