Путин: Русија ќе биде принудена да интервенира во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, во обраќањето до јавноста по повод ситуацијата во Крим, истакна дека соборувањето на Виктор Јанукович е нелегално, додека низ Киев шетаат „маскирани екстремисти“. Тој додаде дека Украина не и е сосед на Русија, туку „братска нација“.

Путин во живо и се обраќа на руската јавност, за прв пат од почетокот на судирот на Крим.

Рускиот претседател истакна дека во Украина е извршен неуставен државен удар и вооружено превземање на власта, што никој не ја оспори. Тој додаде дека Русија можеби ќе мора да реагира и да интервенира во истокот на Украина.

„Луѓето се вознемирени поради безаконитоста и ако видиме дека тоа беззаконие продолжува во источниот регион и ако луѓето ја бараат нашата помош, ние ќе сториме се’ што можеме да им помогнеме“, рекол Путин.

Путин, на првата конференција за новинарите, откако е соборениот украински претседател го напушти Киев, рече дека Виктор Јанукович ги исполнил сите услови од договорот потпишан на 21 февруари со претставниците на опозицијата и дека ја предал целата власт.

Јанукович, според него и понатаму е легитимен претседател на Украина, иако сега нема власт.

„Украинскиот народ сакаше промени, но не смеат да се охрабруваат незаконските промени“, рече Путин.

Тој порача дека Русија ќе овозможи финансиска поддршка на украинскиот регион Крим.

Руските трупи се повлекоа од границата со Крим по наредба на Владимир Путин, пренесува „Би-Би-Си“.

Претходно САД најавија дека подготвуваат низа санкции против Русија, поради кризата на Кримскиот полуостров. Виктор Јанукович повторно ја замоли Русија да изврши воена инвазија врз Украина.

Уште три офицери и се приклулчија на проруската страна. Руските војници испукаа неколку предупредувачки куршуми кон 300 украински војници, кои се приближувале кон авио базата во Белбек.