
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата дека специјалната воена операција, како што Москва официјално ја нарекува офанзивата во соседна Украина, се одвива целосно според планот и дека руската војска ќе ги исполни целите за кои повеќепати истакна дека се „демилитаризација“ и „денацификација“ на соседната земја.
Путин изјави во саботата дека западните санкции воведени против Русија наликуваат на објавување војна и ја бранеше руската воена интервенција во Украина, посочувајќи дека Москва мора да ги брани своите бројни сонародници во соседната земја и оние коишто зборуваат руски на истокот на Украина, на кои тоа право им беше одземено по 2014 година а претходно годинава беше прогласено од Киев и за „неавтохтоно“, како и да ги заштите своите безбедносни интереси.
„Овие санкции кои се воведувааt слични се на објавување војна, но фала му на Бога тоа не се случи“, рече Путин обраќајќи се пред група стјуарди и стјурардеси во центарот за обука на воздухопловната компанија „Аерофлот“ во Химки во близина на Москва.
Во коментарите емитувани на државната телевизија, рускиот претседател повтори дека Русија сака Украина да се „демилитаризира и денацифицира“ и дека соседната земја треба да има неутрален статус.
Путин притоа истакна дека Русија ќе ја смета секоја земја којашто ќе се обиде да наметне зона на забранети летови над Украина за противничка во војната. Од НАТО и од САД повќепати седмицава ги отфрлија таквите барања на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Секој развој на настаните во таа насока ќе го сметаме за учество во вооружениот судир на секоја земја на чијашто територија би била создадена закана за нашите војници“, порача Путин зборувајќи за можната „зона на забранети летови над територијата на Украина“.
Путин изјави дека Русија не планира да воведе вонредна состојба во земјата поради војната во Украина, откако во западните медиуми кои водат пропаганда со цел да се создаде отпор кон рускиот претседател во земјата се појавија шпекулации дека ќе го стори тоа.
„Вонредна состојба се воведува (…) во случај на агресија, особено во областите во кои се водат борби. Ние немаме таква ситуација и се надевам дека нема да би потребно да се интервенира“, рече Путин.
Според Путин во руските воени операции во Украина учествуваат само порфесионални војници и офицери, одговарајќи на некои забелешки дека во борбите не се вклучени специјалните сили.
„Нашата војска ќе ги исполни сите задачи. Во тоа воопшто не се сомневам. Сѐ оди според планот на генералштабот“, додаде рускиот претседател.
Додаде дека поради постојаното западно вооружување на Украина офанзивата била единствено можно решение за „отстранување на реалната закана за иднината на руските деца“ особено поради тоа што влегувањето на Украина во НАТО во иднина би претставувало можност од судар меѓу Русија и Алијансата а укранското добивање нуклеарно оружје би довело „од истата секунда судбината на Русија да биде сосема поинаква“.
Поради наративот во западните медиуми дека наводно Путин планирал за само три дена да ја покори Украина и оти е наводно незадоволен од развојот на воената операција, кај Русите се појавија стравувања од наводна мобилизација и воведување вонредна состојба. Но рускиот претседател порача дека не е планирано на боиштото да се испраќаат регрути, резевисти или доброволци.
„Што се однесува до доброволците и младите луѓе кои доаѓаат во воените канцеларии за регистрирање, благодарни сме им за нивниот патриотски порив, желбата да се поддржи земјата, да се поддржат вооружените сили. Веројатно уште поважен и самиот факт што се пријавуваат, но нивната помош засега не ни е потребна. Уверен сум дека нема да биде потребно“, рече Путин.