Путин: Санкциите го попречуваат мировниот процес во Украина

Рускиот претседател Влаздимир Путин изјави денеска дека новите санкции од Запад против Русија воведени се со намера да се попречат напорите за воспоставување мир во Украина и оти Москва разгледува контрамерки.

Во изјава по состанок на Шангајската организација за соработка, Путин нагласи дека санкциите делуваат како „малку чудно“, од аспект на мировниот процес.

– Кога ситуацијата се движи кон мирно решение, се повлекуваат потези со намера да се попречи мировниот процес, изјави Путин во главниот град на Таџикистан.

– Уверени сме одамна дека санкциите како инструмент на надворешната политика, не се ефикасни и практично никогаш не даваат резултати. Исто така и политиката на санкции нанесува извесна штета дури и на оние што ги спроведуваат, додаде тој.