Санкците што Европаката унија ги воведе кон Русија поради случувањата во Украина, претставуваат „театар на апсурдот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за денешниот број на германскиот весник „Билд“.
– Тоа што го прави ЕУ со овие санкции не е ништо друго освен театар на апсурдот, изјави Путин.
Тој нагласи дека во 2014 година жителите на Крим гласале на референдум за одделување од Украина и припојување кон Русија, со што според него, анексијата на полуостровот од страна на Москва претставува „демократска волја на народот“.
– Западните санкции нема да и помогнат на Украина, ниту ќе ја ослабат Русија геополитички. Тие се глупави и само им нанесуваат штети на двете страни, оцени Путин.