
Рускиот претседател Владимир Путуин изјави во вторникот дека се надева оти Русија и Западот ќе изнајдат решение за кризата околу Украина, обвинувајќи го Вашингтон дека ја користи оваа земја како средство за вовлекување на Москва во „вооружен судир“, додека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во руската престолнина, смета дека е можно постигнување договор прифатлив за сите.
„Се надевам дека на крајот ќе најдеме решение, иако не е лесно“, рече Путин за новинарите откако оцени дека „главната цел на САД е подигнување ограда околу Русија и дека Украина е нивно средство за да нѐ вовлечат во оружен судир и да ни воведат најостри санкции“.
Орбан, по речиси петчасовниот состанок со Путин, рече дека разликите меѓу Западот и Русија околу Украина може да се премостат.
„Ситуацијата е сериозна, разликите се значителни (…) но може да бидат надминати. Можно е да се склучи договор кој ќе гарантира мир, безбедност на Русија, а ќе биде прифатлив и за членките на НАТО“, рече унгарскиот премиер и додаде дека санкциите за коишто зборуваат САД и ЕУ се контрапродуктивни.
Путин изнесе катастрофична опција велејќи дека Украина, доколку стане членка на НАТО би можела да се обиде со сила да го заземе Крим кој пред осум години се присоедини на Руската Федерација.
„Замислете Украина, како членка на НАТО да спроведе воена операција на Крим, руска суверена територија… И што би правеле ние, ќе завојуваме со НАТО!?“, рече Путин.
Истовремено оцени дека е „јасно“ дека САД и НАТО решиле и сега да ја пренабрегнуваат загриженоста на Русија за нејзината безбедност, одбивајќи ги нејзините барања за обврзувачки договор.
„Ќе ги проучиме писмените одговори на САД и НАТО (…), но уште отсега е јасно дека не е одговорено на главната грижа на Русија“, рече Путин.
Ги повторни главните руски предлози за договор: престанување на полтиката на ширење на НАТО, гаранција дека нема да разместуваат офанзивно и стратешко оружје во близина на руските граници и повлекување на Алијансата на границите пред 1997 година, односно пред примањето во членство на поранешните членки на Варшавскиот договор, воениот блок педводен од некогашниот Советски сојуз.
„Неодговарајќи на нашата зариженост, САД и НАТО го кршат правото на секоја земја слободно да одлучува како ќе ја заштитува својата безбедност, што и самите го споменуваат“, истакна Путин потестувајќи дека според другиот принцип „никој не смее да ја јакне својата безбедност на штета на другиот“.
Орбан, кога станува збор за најавените санкции од Западот доколку Русија ја нападне Украина, потсети дека досегашните антируски санкци повеќе ѝ нанеле штета на унгарската отколку на руската економија.
„Политиката на санкции воведени против Русија ѝ нанесе многу поголема штета на Унгарија отколку на Руската Федерација (…) Таквата политика има спротивен ефект. Санциите се средство јасно осудено на неуспех. Не сметам дека тоа е прифалтиво ниту во однос Русија ниту во однос на други земји“, рече унгарскиот премиер.
Орбан истакна дека руската економија се покажала многу посилан отколку што вообичаено се мисли на Западот.
„Руската економија опстана и покрај санкциите. Ако ги погледнете бројките, ќе видите дека руската економија е многу посилна отколку што се оценува на Западот. Русија е земја не само со поранешни, туку и со нови можности“, додаде унгарскиот челник.