Путин се обидува да ја пренасочи вината за масакрот во Москва, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето доцноноќно обраќање во саботата рече дека рускиот претседател Владимир Путин наводно бара начини да ја пренасочи вината за масакрот во концертната сала во петокот во близина на Москва.

„Јасно е дека Путин и другите никаквци само се обидуваат да обвинат некој друг“, рече Зеленски. „Нивните методи се секогаш исти. Сме го виделе тоа и претходно, уништени згради, пукотници и експлозии. И тие секогаш наоѓаат некого да обвинат“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Зеленски е „единствениот шеф на државата доволно луд да ја обвини Русија за терористички напад“.

Претходно Путин изјави дека по нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворицата напаѓачи и порача дека организаторите и планерите на нападот ќе бидат несомнено казнети, кои и да се тие, но рече и дека за терористие бил „отворен прозорец“ за бегство кон Украина. Во масакрот во петокот вечерта во сала во близина на Москва загинаа 133 лица, а десетици беа повредени.

Тоа е еден од насмртоносните напади во Русија од опсадата на училиштето во Беслан во Северна Осетија во 2004 година, кога исламистичките милитанти зеле како заложници повеќе од 1.100 луѓе а меѓу нив 777 беа деца, во драмата џихадистите убија 334 заложници од кои 186 деца а руските безбеднсни лица заубија 21 припадник.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, а Киев веднаш негираше каква и да е вмешаност. Меѓутоа, извршителите на масакрот крај Москва беа уапсени во саботата рано утрото во Брајнската област, на стотина километри од границата со Украина, каде што според сопствено признание сакале да се префрлат. Според руското разузнавање од првичните испрашувања наводно пролзегло дека терористите контактирале со некој „од украинската страна“ на границата.

Зеленски рече дека Путин треба да ангажира свои телуѓе дома за борба против тероризмот наместо да ја нападне Украина.

„Тие доведоа стотици илјади нивни терористи овде, на украинска територија, да се борат против нас, и не им е грижа што се случува во нивната земја“, рече тој. „Вчера, кога се случи сево ова, наместо да се занимава со своите руски граѓани, да им се обраќа, слабакот Путин молчеше 24 часа, мислејќи како да ѝ го прикачи ова на Украина. Сè е целосно предвидливо“, рече Зеленски.