Рускиот претседател Владимир Путин се ревакцинира против корона вирусот со вакцината „Спутник Лајт“, пренесува Спутник вести.
„Денеска, по ваша препорака и препорака на вашите колеги, добив втора вакцина Спутник Лајт. Тоа се нарекува ревакцинација“, рече претседателот на средбата со Денис Логунов, заменик директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
El presidente ruso Vladimir Putin se ha revacunado con Sputnik Light (de una sola dosis). El propio Putin ha explicado que se siente bien, sin problemas. El pasado 14 de marzo Putin completó la vacunación contra el COVID con la segunda dosis de Sputnik V. https://t.co/vv4uKjXVR0
— Juanjo Prego (@EsteparioTotal) November 21, 2021
Како што изјави, два часа по споменатата процедура се чувствува добро.
BREAKING: Russia’s President Vladimir Putin received a booster shot by Sputnik Light, says “feeling well, no side effects.” pic.twitter.com/uEnoWqniIj
— Sputnik V (@sputnikvaccine) November 21, 2021
Тој изразил желба да учествува во тестирањето на назалната вакцина на која работи научниот центар. Путин рече дека е подготвен веднаш да потпише документ со кој се согласува да учествува во експериментот.