Путин се согласил на интервју со Карлсон бидејќи тој се „разликува“ од западните медиуми

Рускиот претседател Владимир Путин се согласил на интервју со влијателниот конзервативен американски телевизиски водител Такер Карлсон во вторникот, бидејќи, според Кремљ, неговиот пристап е различен од едностраното покривање на западните мејнстрим медиуми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека западните медиуми веќе не се ни обидуваат да бидат непристрасни во известувањето за Русија и затоа нема желба Москва повеќе да комуницира со нив.

„Што се однесува до земјите од колективниот Запад, главните медиумски мрежи, ТВ канали и големите весници не можат да се пофалат дури и дека се обидуваат да бидат непристрасни во нивното известување“, рече Песков.

„Сите тоа се медиумски куќи кои заземаат крајно еднострана позиција. Се разбира, немаме желба да комуницираме со такви медиуми, а нема ни смисла затоа што тешко дека ќе биде корисно“.

На директно прашање зошто Путин се согласил да разговара со Карлсон, Песков одговори дека ставот на Американецот не се согласува со голем дел од западните медиуми.

„Тој има позиција што се разликува од другите, таа во никој случај не е проруска, не е проукраинска, туку е проамериканска. Но, барем е контрастно различна од позицијата на овие традиционални англосаксонски медиумите“, истакна Песков.

Покрај тоа, тој го нарече „транскриптот“ од интервјуто на Путин со американски новинар што се појави на интернет лажен. Запрашан да зборува за впечатоците на шефот на државата од дијалогот со Карлсон, секретарот за печат на претседателот рече дека самите новинари ќе имаат можност да го оценат тоа кога ќе излезе интервјуто.

Интервјуто најверојатно ќе биде објавено во четврток, пишува руската новинска агенција ТАСС.

Влијателниот поранешен политики коментатор на американската телевизиска мрежа Fox News чии ставови се блиски до републиканските конзервативци Такер Карлсон во вторникот објави дека добил ретка можност да направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин.

„Вечерва сме во Москва. Тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин“, вели Карлсон во видеото објавено на социјалните мрежи. „Очигледно има ризици поврзани со спроведување на вакво интервју. Затоа внимателно размислувавме за тоа во текот на многу месеци“, додава новинарот.

Според новинарот, тој се решил на таков чекор бидејќи Американците „апсолутно не се свесни за тоа што се случува во Русија и Украина“. Тој додаде дека населението на САД има целосно право да знае „сè што е можно“ за конфликтот „во кој се вклучени и самите тие“.

Карлсон, кој американските демократи и неолибертаријаските мејнстрим медиуми го обвинуваат за наводно запалива реторика и ширење теории на заговор, додава дека дел од неговата должност како новинар е „да ги информира луѓето“.

„Две години по почетокот на војната што го преобликува целиот свет, повеќето Американци не се информирани“, рече Карлсон обвинувајќи ги за тоа „корумпираните“ медиуми.

Карлсон, исто така, рече дека Белата куќа двапати се обидела да го саботира неговото интервју со Путин. Според него, првпат тоа се случило пред три години, вториот пат неодамна.

„Пред речиси три години, администрацијата на Бајден незаконски ги шпионираше нашите СМС пораки, а потоа ја обелоденуваше нивната содржина на нивните новинари. Тие го направија ова за да го спречат интервјуто со Путин што го планиравме. Минатиот месец – и ние сме сосема сигурни во ова – тие повторно го направија истото, но овојпат сепак дојдовме во Москва“, додаде Калрсон.

Притоа тој истакна дека неговиот тим не земал пари за патувањето во Москва од ниту една групација или влада, туку самиот платил за сè.

Според Карлсон, американскиот претприемач Илон Маск ветил дека нема да го блокира интервјуто по објавувањето на социјалната мрежа X. Покрај тоа, видеото ќе се појави на веб-страницата на новинарот и ќе може бесплатно да се гледа. Карлсон вети дека ќе го објави снимениот материјал без монтажа.

Новинарот рече и дека сака да го интервјуира Володомир Зеленски. Тој изрази надеж дека украинскиот претседател ќе се согласи. Истовремено, Карлсон истакна дека американските медиуми, кога прават бројни интервјуа со Зеленски, „не се занимаваат со новинарство, туку со државна пропаганда во нејзиниот најодвратен облик, а тоа доведува до гинење на луѓе“.

Можноста за разговор меѓу Карлсон и Владимир Путин беше објавена уште во септември минатата година. Тогаш новинарот во разговор за швајцарскиот магазин Die Weltwoche рече дека се обидел да го интервјуира рускиот претседател, но добил забрана од американските власти. Сепак, тој не ги прецизираше околностите на тој инцидентот.

Како што рече американската конгресменка Марџори Тејлор Грин во неделата, американските демократи и нивните „медиумски пропагандисти се тресат“ од можноста Карлсон да го интервјуира Путин.

Карлсон беше отпуштен од неговата моќна позиција во Fox News минатата година поради скандали и тужби со кои се соочува телевизијата поради неговите докажувања и тврдења дека американските претседателски избори во 2020 година биле нечесни и украдени како што тврди тогаш поразениот републикански претседател Доналд Трамп сега најверојатен ривал на актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

Набргу потоа, тој започна свое шоу на социјалната платформа Х и потакст на YouTube кој е супсендиран.