Рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со сирискиот претседател Башар Асад во Сочи, изјави рускиот портпарол Дмитриј Песков.
Денес во Сочи се одржа состанок на претседателот на Русија, Путин и претседателот на Сирија, Башар Асад, кој беше во работна посета на Сочи, рече Песков.
Путин му го честитал на сирискиот претседател неговиот голем успех во борбата против тероризмот и рекол дека се создадени дополнителни услови за продолжување на политичкиот процес во Сирија во целосен формат.
Асад за време на состанокот рече дека стабилноста во Сирија се подобрува и дека тоа ја отвора вратата за политичкиот процес.
Ние го поддржуваме тој процес со ентузијазам, рече Асад.
Сирискиот претседател истакна дека ќе биде тешко да се рестартира политичкиот процес, бидејќи постојат земји кои не сакаат стабилност во земјата, пренесува Спутник.