Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот е прикажан како се среќава со еден од највисоките поранешни команданти на поранешната приватна воена компанија „Вагнер“, Андреј Трошев, и разговара со него за тоа како доброволечките единици би можеле да се вклучат во борбените дејствија во Укриана.

Кремљ во објавата наведува дека Трошев, според указот кој во јуни го донесе Путин, како и сите припадници на доброволечки или платенички групации, сега има договор со Министерството за одбрана. Тоа, всушност, беше поводот за еднодневниот драматичен бунт од 24-ти јуни на основначот на на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа близу Москва во август заедно со уште неколку високо команданти на паравоената формација.

Неколку дена по бунтот на „Вагнер“ во која беа убиени најмалку шест руски воени пилоти а колоната се запре на 200 километри од Москва, Путин во Кремљ ги прими највисоките команданти и борци на групацијата и тогаш го предложи Трошев да ја презема должноста на „Вагнер“ кој ќе дејствува под команда на Министерство за одбрана, со кое Пригожин имаше жестоки несолгасувања.

Обраќајќи му се на Трошев, Путин рекол дека разговарале за тоа како „доброволечките формации би можеле да изврашуваат разби борбени задачи, во прв ред, секако, во зоната на Специјалната воена операција“.

„И самите се боревте во таква едници повеќе од една година. Знаете што е тоа, како тоа се прави, знаете кои се прашањата коишто треба однапред да бидат решени за борбените напори да минат на најдобар и најуспешен начин“, рече Путин, според објавени снимки.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за агенцијата РИА одговорил дека Трошев сега „работи во Министерството за одбрана“, додавајќи дека на средбата бил и влијателниот земеник министер за одбрана генералот Јунус-Бек Евкуров.

Високо одликуваниот ветеран на советската војна во Авганистан и руските во Чеченија, пензионираниот полковник Трошев, потекнува од Санкт Петрбург, исто како и Путин и Пригожин. Се борел во Авганистан во десетгодишната војна, а по распадот на Советскот сојуз служел на Северен Кавкас во риската војска, а потоа во СОБР, единица на спецоијалните сили за брза реакција при Министерството за одбрана.