Путин се закани дека ќе објави докази дека САД стојат зад нападот на „Кулите близначки“

Американските експерти тврдат дека односите меѓу Русија и САД се најлоши уште од ерата на „Студената војна“, а настаните во светот претставуваат затишје пред бура.

Интернет сајтот „Veteranstoday.com“ наводно го пренесува пишувањето од весникот „Правда“ во кој стои дека Русија се подготвува за објавување на доказите дека Владата на САД и американските известувачки служби се вмешани во нападот на 11 септември во 2001 година, на Светскит трговски центар во Њујорк.

Теретичарите на завери веќе со години го обвинуваат САД дека се одговорни за нападот на „Кулите близначки“, а руската страна наведува дека има сателитски снимки кои ги поткрепуваат ваквите тврдења.

Како што наведува рускиот весник, во доказите јасно се гледа дека американското раководство го организирал целиот напад, како и подоцнежната манипулација со јавното мислење.

„Правда“ пишува дека САД креирале слика дека американските граѓани се жртви на меѓународен тероризам, а дека зад сето тоа всушност се крие желбата на САД да ја контролира изворот на нафта на Блискиот исток.

Доказите наводно ќе бидат до тој степен убедливи, што во целост ќе ги разбие објаснувањата на американските власти за нападот во Њујорк. Русија на тој начин, пишува весникот, сака да докаже дека САД одамна го користат лажниот тероризам за да ги држат своите граѓани во страв и како повод за воени операции во странски земји.

Во случај да успее тактиката на Путин, тоа ќе се претстави како шок за јавноста во Америка и ќе предизвика гнев меѓу граѓаните, како и масовни протести ширум земјата. Од друга страна, доказите дека САД се организатори на нападите во Њујорк, целосно ќе ги дискредитира Американците како лидери во борбата против тероризмот.