Kаков и да е договор за завршувањето на територијалниот спор со Јапонија треба да ја има поддршката од јавноста, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин по средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе, алудирајќи на противењето на Русите да се отстапи територијата на рускиот Далечен истој на јапонската држава во спорот кој трае од Втората светска војна.
Токио и Москва се спорат околу островите кои во Русија се нарекуваат Курили, а во Јапонија, пак, Северна територија. Советските трупи го освоиле овие области во последните месеци од Втората светска војна по што од нив избегале околу 17.000 јапонски војници, а овој територијален спор ги спречува Токио и Москва да постигнат повоен мировен договор, па така практични сѐ уште се во војна. Откако двајцата челници во декември 2016 година се договорија да започнат договор за проекти на овие острови, постигнат е голем напредок
Владимир Путин и Шинзо Абе по разговорите во вторникот зборуваа за решителноста да се најде решение за спорот, но не дадоа повеќе поединости дали некаква спогодба е на повидок.
„Пред нас е тешка работ за да се создадат услови да дојдеме до решение коешто им одговара на двете страни. Секако, решенијата до коишто ќе дојдат преговарачите мора да бидат прифатливи за народите на Русија и на Јапонија, да ја имаат поддршката од јавноста во нашите држави“, рече Путин.
Анектите покажуваат дека повеќето Русија се противат на идејата за препуштање на контролата над островите на Јапоноја за да се постигне договор. Руската полиција во пресрет на средбата меѓу Путин и Абе притвори 11 лица кои протестираа против можна остапка пред јапонската амбасада во Москва.
Абе од своја страна истакна дека со Путин договорил дека минситрите за внатрешни работи на двете земји ќе се сретнат во февруари за да ги продолжат разговорите за можен договор. Додаде дека е постигнат договор за градење поблиски односи меѓу армиите на Русија и на Јапонија. Економската размена меѓу двете држави во текот на изминатата 2018 година се зголемила за 18 отсто, на околу 20 милијарди долари.