![putin holc](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/000_322G2N3.jpg?resize=696%2C445&ssl=1)
Рускиот претседател Владимир Путн во вторникот по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Кремљ, повтори дека гасоводот Северен тек 2, кој сѐ уште го очекува последното одобрување на германскиот регулатор, е „исклучиво комерцијален“ проект кој ќе ја зајакне енергетската безбедност на Европа.
На гасоводот Северен тек 2 вреден 11 милијарди долари на конзорциумот кој го сочинуваат руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, француски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall DА“ му се противат САД и некои централноевропски земји. Берлин оцени дека Вашингтон сака позначително да го пласира својот течен гас LNG од шкрилци во Европа, а Украина стравува од губењето милијарди евра приходи од транзитните такси на рускиот гас. Полска и другите земји во регионот, пак, стравуваат дека на Германија ќе треба да ѝ плаќаат повисоки цени за гасот.
И покрај американските санкции гасоводот кој минува под Балтичкото Море беше довршен ланскиот септември, а кон крајот на јануари годинава компанијата „Nord Stream 2 AG“ ја основаше својата германска подружница „Gas for Europe GmbH“ којашто ќе биде сопственик и оператор на германскиот дел од гасоводот и со тоа го исполни главното барања за добивање на дозволата во Германија. Во Берлин, во услови кога Европа се соочува со рекордните цени на гасот, рекоа дека одобрувањето нема да биде издадено пред летото.
„Ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти на Европа чијашто цел е значително да ја зајакне енергетската безбедноста на континенто. Реков повеќепати дека овој проект е исклучиво комерцијален и дека тука нема политика, ноти некакви политички примеси“, рече Путин.
Но некои политичари, главно во САД но и во Европа, познати како противници на Русија, ја обвинуваат Москва дека наводно ги користи своите огромни резерви на енергенси како политичко оружје и ги повикуваат европските земји да ја намачлат зависноста од увозот од Русија.
Северен тек 2 би го удвоил годишниот капацитет на постојниот гасовод Северен тек на 110 милијарди кубни метри гас годишно, што е повеќе од половината од моменталниот руски извоз преку другите гасовиди во Европа.
Двата проекта ја заобиколуваат Украина, по неколкуте „гасни војни“ минатите две децении со кои Киев сакаше да издејствува одредени повластици од Русија кога среде зима без гас остануваа корисниците во Европа. Сега Киев ќе остане без милијарди долари од транзитните такси, па затоа Вашингтон го натера Берлин да основа фонд во кој ќе се слеваат пари за Украина.
Во вторникот Путин повтори дека Русија е подготвена да го продолжи транзитот на гасот преку Украина и по 2024 година, кога истекува актуелниот договор, но само доколку во Европа има интерес за испораки на гасот и доколку таа рута биде економски одржлива.
Путин повтори и дека рускиот гас е значително поевтин доколку се порачува преку долгорочни договори со „Газпром“ отколку на директниот пазае. Ги поздрави одлуката од минатиот месец да го понуди поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во управниот одбор на компанијата.
Шредер веќе е член на истото тело во руската нафтена компанија „Роснефт“ и е претседател на одборот на акционерите на компанијата „Nord Stream AG“ која управува со гасоводот кој е во функција.
„Мислам дека тоа ќе биде добро за нашата соработка“, рече Путин.
Шолц, пак, не сакаше да ја коментира „комерцијалната активност на поранешниот канцелар“. Истакна дека Берлин е доследен во продолжувањето на транзитот на гасот во Европа преку Украина, Белорусија, Полска и Северен тек, „согласно договорите коишто постојат“.