Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата оти верува дека го уверил американскиот претседател Доналд Трамп дека Москва не се мешала во американските претседателски избори минатата 2016 година.
Путин вели дека Трап во петокот, на нивниот прв директен состанок на маргините од самитот на Г-20 во Хамбург, детално ги испитувал за обвинувањата дека Русија наводно се мешале во изборите на кои тој како републикански кандидат неочекувано за најголемиот дел од светот ја победи кандидатката на Демократска партија, Хилари Клинтон.
Зборувајќи на прес-конференцијата, Путин изјави дека на Трам му дал детални одговори и дека му се чини дека тие го задоволиле американскиот претседател, но дека би било најдобро за тоа што мисли да биде прашан самиот Трамп.
Путин додаде дека со американскиот претседател воспоставил позитивен работен однос и дека Трамп во живо е сосема поинаков отколку на телевизија. Трамп, пак, претходно за средбата со Путин оцени дека била „грандиозна“, пренесе AFP.
„Создадовме одреден предуслови за подобрување на односите меѓу Руската Федерација и Соединетите држави“, рече Путин зборувајќи за својата прва средба лице в лице со Трамп.
Путин оцени дека новиот прекин на огнот на југоистокот од Сирија е резултат на промените на ставовите на САД кои станале попрагматични околу ситуацијата во оваа земја.
Русија, САД и Јордан се договорија во петокот за прекин на огнот и деескалација на состојбите во југозападна Сирија долж граница со Јордан.
Путин, исто така, истакна дека рускиот гас е покомпетитивен отколку извозот на американски течен гас (LNG) во Европа, поради поевтиното производство и транспортот. Но, сепак, ги поздрави американските напор да извезуваат LNG во Европа, којашто третина од своите потреби ги подмирува со увоз на руски гас, велејќи дека тоа е „здрава конкуренција“.
Путин ја поздрави и одлуката на Вашингтон да именува нов специјален претставник за Украина Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави во петокот дека го избрал Курт Вокер, поранешниот американски амбасадор во НАТО, да ги предводи американските дипломатски напори околу Украина, додавајќи дека тоа го сторил на поттикнување од рускиот претседател Путин.