Путин смета дека најавата за нови американски санкции е последица на судирите во самите САД

Новиот пакет санкции против Русија предложен во Вашингтон е доказ за интерните политички судири во самите САД, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин, во годинешново 14-то по ред издание на емисијата „На директна врска со Владимир Путин“ во текот на кое одговараше на стотици прашања од граѓаните.

Американскиот Сенат во средата со мнозинство гласаше за нови санкции против Русија поради нејзиното наводно мешање во американските претседателски избори во 2016 година и за да го принуди претседателот Доналд Трамп да доие одобрувње од Конргесот пред можното ублажување на досегашните санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека американската политика на санкции против Русија под разни изговори бил обид да се ограничи влијанието на Москва.

„Сега во американскиот Сенат се појави нацрт закон за построги санкции. Зошто? Во Русија не се случи ништо особено. Зошто одеднаш започаа да зборуваат за тие санкции? Тоа е секако доказ на интерните политички борби во САД. Да не беше Крим и други проблеми, ќе измислеа нешто друго за да ја заплашуваат Русија“, рече Путин.

Рускиот претседател рече дека Москва би ги укинала реципрочните санкции на другите земји кога тие би ги укинале санкциите што ѝ ги наметнаа на неговата земја.

„Кога станува збор за бескрајното продолжување на некои ограничувања: доколку нашите партнери ги укинат санкциите за нашата економија, и ние би требало да го сториме истото, инаку ќе се соочиме со проблеми во рамките на Светската трговска организација (СТО)“, рече Путин.

Зборувајќи за состојбата на руското стопанство, претседателот истакна дека рецесијата во Русија завршила.

„Што покажуваат објективни податоци? Покажуваат дека рецесјата во руската економија е заршена. Се најдовме во период на раст. Бележиме раст три последователни тримесечја“, одговори Путин.

Призна дека проходите на граѓаните последните години се во пад и додаде дека особено е загрижувачки зголемувањето на бројот лица кои живеат под границата на сиримаштијата.

„Имаме најниска инфлација последните години. Денес таа изнесува 4,1 отсто, тоа не го имавме никогаш. Тоа покажува оти со право можеме да веруваме дека оваа година ќе ја оствариме целта од 4 отсто, кога станува збор за инфлацијата“, рече Путин.

Осврнувајќи се на своето семејство, побара неговите деца и внуците да бидат „оставени на мир“, надвор од вниманието на јавноста.

„И покрај гласините, моите ќерки живеат тука, во Москва“, одговори. Путин има две ќерки со поранешната сопруга Људмила. Според западните медиуми, едната од нив наводно живеела во Холандија. Путин потврди дека неодамна добил внуче, што беше проследено со аплауз од побилката во студиото.