Рускиот претседател Владимир Путин ги коментираше во четвртикот одлуките на странските компании кои ја напуштија Русија по почетокот на нејзината воена интервенција во соседна Украина кога Западот воведе остри санкции за Москва, и изјави дека е „можеби најдоброто“ нешто што тие го направиле со напуштањето на рускиот пазар, бидејќи нивното место ќе го заземат домашни компании.
„Многу наши партнери од исата таа Европа најавија дека заминуваат. Знаете, кога понекогаш ќе ги погледнете оние што заминуваат, можеби е и за добро“, рече Путин на Еввроазискиот економски форум.
Додаде дека дека руското производство и бизнисот веќе забележале раст во заднина на таквата ситуациј и „благопријатно ќе го заземат месото подготвено од партнерите“. Како резултат на тоа, според Путин, ништо суштински нема да се промени во Русија со заминувањето на странските компании.
Говорејќи преку видео врска на економскиот форум на постсоветските републики во Киргистан, Путин рече дека е „невозможен обидот на Западот да ја отсечe Русија од западната технологија и покрај воведените санкци“.
Рускиот претседател наведува дека „Русија има проблеми со транспортот и синџирот на снабдување“, додавајќи дека „ќе продолжи да увезува замена за стоките кои подлегнуваат на санкции“ сепак прзнавајќи дека тоа не е решение за подолг рок “.
„Оваа западна кражба на ресурси нема да заврши добро“, рече Путин, додавајќи дека Русија е „конкурентна“ и „останува водечки извозник на пченица“.
Додаде дека е важно Русија да се оддалечи од банкарскиот систем SWIFT, односно меѓународниот платен систем што го користат илјадници финансиски институции, „во соработка со партнерите од поранешниот Советски сојуз“.
Европската унија и нејзините сојузници во март годинава исклучија седум водечки руски финансиски институции од системот SWIFT.