Путин со закон ги ослободува обвинетите кои служат во армијата

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој обвинетите кои служат во армијата ги ослободува од кривична одговорност, пренесува РИА.

Законот ги надополнува одредбите од Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на Русија и конкретно предвидува дека обвинетите кои служат воена служба за време на мобилизација или кои склучиле договор за воена служба се ослободуваат од кривична одговорност.

Се очекува сличен правен механизам да се прошири и на осудените лица за кои пресудата е изречена, а не стапила во сила, пренесува РИА.