Путин тврди дека сѐ оди по планот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека „специјалната воена операција“ во соседна Украина оди според планот.

„Сакам да кажам дека специјалната воена опеарација се одвива токму според распоредот. Според планот. Сите поставени задачи успешно се извршени“, изјави Путин за руската државна телевизија.

Неговата изјава е во спротивност со процените на воени аналитичари и разизнавачи, најчеснот неименувани, во западните медиуми, кои наведуваат дека руската војска наводно имата „големи организациски, тактички и логистички проблеми“ а покрај тоа наидувала и на жесток украински отпор. Руското министерство за одбрана уште на почетокот од операцијата објави дека ќе настапува внимателно за да се зачува цивилната инфраструктура и на најмало ниво да се сведат можните цивилни жртви.

Путин, притоа изнесе низа обвинувања дека украинските сили, особено единиците составени од радикалните националисти и неонациски дека ги измачуваат и масакрираат воените заробеници и оти ги користат цивилите како жив штит, разместувајќи ги своите позиции од кои ги напаѓаат руските сили во станбени населни и недозволувајќи им на граѓаните да се евакуираат од зоните на судирите.

„Руската војска се бори за мирен живот на жителите на (доминатно руската и рускојазична источна украинска) Донбас, за демолитаризација и денацификација на Украина…. за да се отстрани заканата од руските граници којашто Западот ја креира веќе со години“, повтори Путин.