Путин: Украина од почетокот на противофанзивата загуби 90.000 луѓе

Од почетокот на противофанзивата, украинските вооружени сили загубиија повеќе од 90.000 луѓе, изјави во четртокот рускиот претседател Владимир Путин на пленарното заседание на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“.

„Од почетокот на таканаречената противофанзива, ова се најновите податоци само од 4-ти јуни, украинските единици веќе загубија повеќе од 90 илјади луѓе, тоа се санитарни и неповратни загуби, 557 тенкови, речиси 1.900 борбени оклопни возила од различни класи“, истакна Путин.

Русија во досегашната 19-месечна инвазија во Украина само еднаш официјално ги објави податоците за своите загуби. Според Киев, руските трупи на боиштето претрпуваат големи загуби, но и податоците кои ги објавуваат и двете страни не можат да бидат проверени од независни извори. Во последните месеци и повеќе западни воени аналитичари наведуваат дека во текот на противофанзивата загубите на украинската страна во однос на руската се најмалку 8 наспроти 1.

Путин притоа порача и дека Русија „спокојно“ се движи кон остварување на своите цели во, како што Москва ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина, и изрази уверување дека сите задачи ќе бидат исполнети.

Долгонајавуваната украинска противофанзива влезе во својот петти месец, но украинските трупи сѐ уште не дошле до првите одбранбени линии на руските сили кои се цврство утврдени, со мински полиња по длабочината. Офанзивата се одвива во Јужнодонецкиот, Бахмутскиот и Запорошкиот правец со учество на единциите кои беа обучувани во земјите членки на НАТО и снабдени со современо западно вооружување.

Како што истакна Путин во обраќањето во Сочи, украинските сили во изминатиот период не успеале да постигнат никави напредувања. Потсети на забелешките од некои западни воени експерти, кои предупредуваат на ефикасноста од руските утврдувања и повеќеслојната одбрана, којашто е наречена Суроикин линија, според генералот Сергеј Суровикин, кој до јунскиот краткотраен бунт на приватната воена компанија „Вагнер“ со кој беше поврзуван, беше заменик командант на операциите во Украина.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, исто така, истакна дека украинската војска не успеала да постигне никакви резултат во ниедна област каде што напаѓа. Според него, во моментов најжестоките борби се водат во Запорожје, во близина на малото село Роботино, каде украинаската команда последните денови прекомандува добро обучена војска.

Меѓу 18.000 уништени единици на борбена техника на украинската војска од почетокот на јуни се германските тенкови „Leopard“ од моделите 1 и 2, француските тенкови на тркала AMX, најмалку еден британски тенк „ Challenger 2“ и американски оклопни борбени возила „Bradley“.

Западните тенкови требаше да бидат главната ударна сила на украинската противофанзива, рече Путин, но истовремено истакна дека тие „прекрасно горат“.

Откако американските функционери изминатиот период најавија дека украинската противофанзива ќе трае „многу повеќе месеци“, снабдувајќи ја украинската војска со контроверзната касетна муниција, Путин денеска порача дека таа муниција не придонела за никави промени на фронтот.