Путин вели дека сликата за Бајден во медиумите нема никава врска со реалноста

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека впечатоците за  имиџот на американскиот претседател Џо Бајден прикажуван во медиумите, не соодветствува на реалноста.

„Сакам да кажам дека таа слика, имиџот на претедателот Бајден, која ја исцртуваат и нашите, па и американските медиуми, нема никаква врска со реалноста“, изјавил Путин на средба со ученици од завршната година на една од вишите школи за упрва во државната администрација, пренесува агенцијата РИА:

Путин истакнал дека неговиот американски колега по должнот Бајден изгледал бодро и целосно во тек, во текот на новниот два иполчасовен разговор во швајцарска Женева во средата.

„Тој изгледа ведар, разговараме со него лице в лице два а можеби и повеќе часови, тој целосно е во тек. Одвреме навреме ќе погледнеше во неговите белешки, сите тоа го правиме“, рекол Путин.

Американскиот претседател е професионалец, додал Бајден, и треба со биде многу внимателен во зазговорите со него, за да не се пропушти ништо.

„Бајден е професионалец и треба многу внимателно да работите со него за да не пропуштите ништо. Тој самиот не пропушта ништо, ве уверувам“, рекол рускиот претседател раскажувајќи дел од впечатоците од неговата средба која севкупно