Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека неговата замја ќе има средства за борба против хиперсоничните видови оружја кои веројатно наскоро ќе бидат дел вооружувањето на другите земји.
„Се чини дека тоа (хиперсоничното оружје) ќе се појави (кај водечниот веони сили). Но мислам дека можеме пријатно да ги изненадиме нашите партнери со фактот дека кога ќе го поседуваат ова оружје, со голема веројатност кај нас ќе се појават средства за борба со овој тип вооружување“, вели Путин во интервјуто од кои делови се објавени во неделата на сајтот Вести.ru, кое е дел од документарен филм по повод 30-годишнината од постоењето на Руската Федерација по падот на комунизмот.
„Во тоа се состои единственоста на нашата сегашна позиција. Повторувам уште еднаш: со голем степен на веројатност ќе имаме средства за борба со хиперсоничното оружје до моментот кога водечките земји во светот ќе го поседуваат самото хиперсонично вооружување“, истакнува Путин.
Путин претходно изјавуваше дека појавата на руското хиперсонично оружје ги прави бесмислени огромните воени расходи на земјите во смисла на нивите намери за воено воздржување на Русија. Според него, Русија првпат во историјата е во предноста пред другите земји во однос на развојот на напредните вооружувања, вклучително и хиперсоничните проектили.
На крајот од минатата година во Русија првпат беше распореден ракетен полк вооружен со ракетниот систем „Авангард’ со хиперсонични крстосувачки проектили, оружје кое засега нема аналози во светот. Истовремено руската армија продолжува со тестирања на други нови типови оружје, како хиперсоничните против-бродски крстосувачки ракети „Циркон“ и „Сармат“, како и идниот руски стратешки ракетен ситем базиран на силоси „Сармат“.
Руската стратегија
Во продолжението на овој исечок, Путин појаснува зошто на Русија ѝ е потребно новото хиперсонично вооружување.
„Кога Советскиот сојуз престана да постои, започнаа енергичните обиди за преобразување на светот од страна на оние кои се сметаа себеси за победници во Студената војна. Започнаа, во суштина пренабрегнувајќи ги наложените норми на меѓународното право, да го прекројуваат светот“, вели рускиот претседател.
Путин притоа истакнува дека „Беше сосема чигледно дека оваа трансфорамција ќе биде сѐ поболна за нас, колку послаби ќе бидеме“.
„Навистина направивме многу во развојот во сферата на системот за нуклеарна одбрана. Ние сѐ уште имаме одреден паритет со САД и во однос на ракетите носачи и во однос на бројот на боеви глави, но, сепак, ние секако сме лидери во нашите перспективи“, констатира Путин.
Додава дека Русија го модернизира и својот традиционален воен арсенал. „Воведуваме нови системи. И во таа смисла можеме самоуверено да кажеме дека според овој показател сме број еден во светот“, укажува рускиот претседател.
Одговарајќи на прашањерто како било можно да се предвидни потребата од новото оружје, Путин појаснува дека „Ако САД најавуваат дека се повлекуваат од Договорот за противракетна одбрана, тогаш беше неопходно да направиме планови за да ја осигуриме безуслувната безбедност на Русија“.
„Секогаш велам дека водечките воени сили на светот сигурно ќе ги имаат истите оружјја кои ги има Русија денес. Мислам на хиперсоничното оружје. Но од 2018 година, никој досега не го поседува ова оружје“, истакнува рускиот челник.
Хиперсонично оружје
Пентагон кон средината на март соопшти дека успешно го тестирал надзвучниот проектил, како и оти се надева дека тој ќе биде операбилен за пет години и ќе биде конкурентен на сличното вооружување кои го развија Русија и Кина. Прототипот на ракетата летал со хиперсонична брзина пет пати поголема од брзината на звукот и стасал на предвидената цел. Вицеадмиралот Џон Волф, задолжен за развој на новото оружје, тогаш рече дека американската војска е подготвена за следната фаза, односно, за хиперсоничен удар на теренот. Вашингтон, инаку, во ноември 2019 година соопшти дека во тој момент САД не развиваат хиперсонично оружје.
Хиперсоничните ракети може побрзо да се разместат од балистичките ракети со нуклеарно полнење, а уште побрзо од крстосувачките проектили. Можат да постигна различни височини и имаат многу добри маневарски способноси, и многу лесно може да ги избегнуваат актуелните состеми за противракетните одбрани.
Тоа, според стручната јавност, во прв ред се однесува на руските хиперсонични проектили. Москва во декември објави дека го распоредила првиот надзвучен проектил „Авангард“ и така стана првата земја во светот кој во својот арсенал го има ова вооружување. Според руското министерство за одбрана, оваа ракета била тестирана при брзина од 33.000 километри на час.
Во февруари годинава, пак, Русија тестираше и нов надзвучен проектил „Циркон“ кој има дострел од 500 километри, а наметен е за вооружување на бродови и подморници. Тој би требало да постигне брзина од 9 маха, со дострел поголем од 1.000 километри. Хиперсоничниот проектил „Кинџал“, пак, е во состав на руската армија од 2018 година. Достигнува брзина до 10 пати поголема од брзината на звукот, достигнува височина до границата на стратосферата и маневрира во текот на целиот лет.
И Кина, исто така, инвестира во оваа нова воена технологија, и во октомври минатата 2019 година на воаената парада во Пекинг го претстави својот надзвучен проектил со ознатака „DF-17“.