Русија ќе ѝ испорача на Белорусија ракетни системи „Искандер-М“, како и модернизирани борбени авиони „Су-25“, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин на средбата со белорускиот колега по должност Александр Лукашенко во Санкт Петербург по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Лукашенко во текот на разговорите пренесувани на телевизија на Путин му кажа дека Белорусија е загрижена за „агресивните, конфротнациски и одбојни“ политики на нејзините соседи Литванија и Полска, членки на НАТО и ЕУ.
Белорускиот челник од рускиот колега побара да ја разгледа можноста за „симетричен одговор“ на летовите на НАТО со нуклеарно оружје во близина на границите на неговата земја.
„Минск мора да биде подготвен на сѐ, дури и на користење тешко вооружување за одбрана на нашата татковина од Брест до Владивосток“, рече Лукашенко ставајќи ги Белорусија и Русија под иста именка, веројатно имајќи го предвид договорот за заедничка државен сојуз меѓу двете земји од почетокот на 1990-те години.
Лукашенко, кој првенствено побара белоруското воено воздухопловство, а на тоа доби одговор дека тоа „сѐ уште не е потребно“ за симетричен одговор, но Путин оцени дека белоруските авиони произведено во Русија од типот „Сухој Су-25“, би можело да бидат надградени во руските фабрики, доколку тоа биде потребно
Безбедноста на Белорусија благодарение на ракетните системи „Искандар-М“ коишто ќе ги испорача Русија, порача Путин.
„Искандер-М“, мобилен балистички ракетен систем со кодно име на НАТЅО „SS-26 Stone“, го замени советскиот проектил Scud. Неговите две наведувани ракети имаат дострел до 500 километри и можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глав