Путин ветил дека нема да има нови воени маневри близу Украина, тврди француски извор

Рускиот претседател Владимир Путин ветил дека засега нема да се одржуваат нови воени активности во близина на границата со Украина, како во вовед во деескалацијата на ситуацијата, тврди неименуван француски функционер по синоќешните шестчасовни разговори во Кремљ со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Reuters.

Францускиот функционер, кој сакал да остане анонимен, тврди дека Путин се согласил и војниците коишто ќе учествуваат на воените вежби во Белорусија која граничи со Украина да се вратат на руска територија по нивното завршување.

НАТО ја обвини Русија за разместување на околу 30.000 војници во Белорусија, вклучително и борбени авиони, балистички проектили „Искандер“ кои може да понесат нуклеарни боеви глави, беспилотни летата, системи за противвоздушна одбрана С-400 и специјални единици на военото разузнавање ГРУ. Со тоа, според Алијансата, се зголемува бројот од 100.000 руски војници кои веќе наводно се разместени во близина на украинската граница за наводната руска инвазија, за која Москва инсистриа дека не е планирана во ниеден случај.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пак, соопшти дека помалку од 13.000 руски војници, 300 тенкови, 500 оклопни возила и 3.500 припадници на воздушно-десантните единици ќе бидат вклучени во вежбите во Белорусија.

Агенцијата Reuters наведува дека уште минатата седмица пренела дека Русија планира да ги повлече своите единици по споменатите воени маневри кои ќе се одржа меѓу 10-ти и 20-ти февраури. Меѓутоа, тоа уште во јануари, кога вежбите беа најавени, го спомена и руското министерство за одбрана.

Самиот Путин, а ниту Макрон на заедничката прес-конференција по разговорите до длабоко во ноќта во понеделникот во Кремљ, не споменаа никакви отстапки. Францускиот претседател е најважниот западен челник кој се сретна со рускиот претседател од почетокот на ескалацијата на тензиите околу украинската криза.

Францускиот функциоонер рекол и дека двајцата челници на стредбата договориле „отворен дијалог за стратешките прашања“, како јакнење на ткн Нормандиски формат во кој за укаинското прашање Киев преговара со проруските бунтовници со поредство на Франција, Гераманија и Русија.