Рускиот претседател Владимир Путин не планира да разговара за можната набавка на дронови од Иран во текот на претстојната посета на Техеран, изјави во портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков одбил да коментира дали постојат некакви наводни планови за купување на напредните ирански дронови кои се сметаат за исклучително ефикасни, како што во понеделникот тврдеа во Вашингтон.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан тврдеше дека САД наводно поседуваат информации според коишто владата на Иран се подготвува на Русија да ѝ испорача неколку стотици беспилотни летови, вклучително и моделите кои носат оружја.
И од Техеран го отфрлија американското тврдење, и посочија дека „технолошката соработка меѓу Русија и Иран навистина постои“ но дека започната многу пред војната во Украина.
Во вторникот во Москва објавија дека претседателот Путин следната седмица ќе отпатува во Иран на средба со претседателот Ебрахим Раиси и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Според официјалните објави од престолнините, средбата на тројцата челници траба да биде во насока на подобрување на ситуација во Сирија, каде сѐ уште се изведуваат борбени дејствија меѓу разните бунтовнички групации и владините сили.