Путин за подземјето во новите региони и улогата на западните разузнавачки служби

Киевскиот режим го користи „своето сѐ уште недовршено подземје“, вклучително и неонацистичките групации за да ги заплаши жителите на новите региони на Руската Федерација, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност.

Путин алудираше на четирите југоисточни украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, каде минатата година руското и руското мнозинство одржа референдум организиран од новите проруски цивилно-воени власти на кои мнозинството се реши по примерот на црноморскиот полуостров Крим во март 2014 година веднаш по превратот во Киев да се приклучи на Руската Федерација. Украина и мнозинството од меѓународната заедница не ги признаваат тие референдуми и тврдат дека се организирани под присила и посочуваат дека станува збор за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Путин во своето обраќање пред членовите на рускиот Совет за национална безбедност, исто така, истакна дека „неонацистите и нивните соучесници“ извршуваат злосторства и во другите региони на Русија, а во подготовките на тие диверзии е „вклучени потенцијалот“ на западните разузнавачки служби.

 

Обновување на регионите

Неопходно е „што е можно поскоро да се интегрираат овие историски руски земји Донбас и Новоросија (историски називи за споменатите украински југоисточни региони кои опфаќаат области и до Црното Море), во економскиот, правниот и образовен простор“. Сега на овие територии „се обновуваат станбените објекти, патиштата, образовни, културни и здравствени објекти“, а исто така се отвораат индустриските и земјоделски претпријатија, посочил Путин според извадоците од неговото обраќање кои ги цитираат руските медиуми.

Во Мариупол, големиот индустриски и пристанишен град меѓу црноморскиот и азовскиот брег за кој се водеа наколкумесечни жестоки борби од самиот почеток на руската инвазија во Украина, се одвиваат огромни градежни зафати. „Луѓето работата деноноќно“, рекол рускиот челник.

„Се гледа дека градот се менува, но важно е позитивните промени да се случат во сите градови и населени места во сите четири региони“, додал Путин.

 

Напната ситуација

Истовремено, Путин истакна, дека ситуацијата во четирите „нови конститутивни ентитети“ на Русија останува напнати „режимот во Киев продолжува да врши тешки злосторства против цивилите кои живеат таму, не штедат никого, изведуваат ракетни напади врз градовите и населбите, артилериски и минофрлачки канонади“.

„Редовно се изведуваат терористички напади врз владини претставници и органите за спроведување на законот, новинари, јавни личности, училишни и универзитетски професори“, додал рускиот претседател.

Путин известил дека создавањето на одделите на безбедносните агенции и служби во новоприсоединтетите региои треба да заврши до 1-ви јуни годинава, додавајќи дека на Министерството за внатрешни работи, Обвинителството, Истражниот комитет и специјалните служби им било наложено „да сторат сѐ за да осигурат безбеден живот на граѓаните и да ги заштитат невините имоти од криминал, насилство и самоволие, како и ефикасна поддршка на локалните претприемачи“.

„Враќањето на луѓето во нормалниот живот врз основа на руските закони директно зависи од толку колку системски и квалитетно се прави тоа“, рекол Путин.

 

Подземје и пропаганда

Киев „за заплашување на населението го користи своето недовршено подземје, вклучително и раните неонацистички и други радикални групации“ и против нив „неопходно е да се дејствува жестоко и ефективно“, рекол уште рускиот претседател.

Особено внимание Путин посветил на борбата против „криминалните шеми за користење на информатичките технологии“.

Покрај тоа, како што оценил, „жестоко треба да се пресече дејствувањето на пропагандистичката, информативна агресија на неонацистите и нивните прозападни покровители, треба сериозно да се потиснат лагите, провокациите и искривувањето на фактите, насочени кон дестабилизацијата на социополитичката ситуација“ во четирите региони.

 

Трагите на западното разузнавање

„Неонацистите и нивните соучесници“ не само што се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата на новоприклучените територии, туку вршат злосторства и во другите региони на Русија, посочил Путин јасно алудирајќи меѓу другото и на терористичкиот акт во кој во Санкт Петербург беше убиени влијателниот рускиот воен дописник и аналитичар Максим Фомин (Владлен Татарски) и ланскиот во Москва во кој загина новинарката Дарја Дугина.

„Постојат сите основани причини да се тврди дека „потенцијалот на трети земји, западните разузнавачки агенции се вклучени во подготовката на таквите диверзии и терористички напади“.

Рускиот челник притоа истакнал и дека треба да се посвети зголемено внимание и на борбата против сите форми на криминалот „особено на превенцијата на тешките злосторства и обидите да се присвојува туѓа сопственост.

„Нужно е оперативно да се одговори на обидите на нелегалното циркулирање на наркотици, оружје, муниција и експлозиви од зоната на специјалната воена операција во другите региони на Русија“, додал Путин.