Путин загрижен од јакнењето на џихадистите во Авганистан пред преговорите во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изрази загриженост поради јакнењето на ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава во Авганистан, неколку дена пред дипломатскиот состанок во Москва, на кој ќе присуствуваат и претставници на земјата а ќе се диксутира за состојбата во земјата.

Во Москва на 20-ти октомври ќе допатува делегација на новата талибанска влада во Кабул, а ден претходно ќе се направи обид да се постигне заеднички став за авганистанското прашање со Кина, Пакистан, Индија и САД. Руската страна не очекува особен напредок на состаникот со талибаните, но „јасно ќе ги изложи своите барања пред авганистанската делегација“, изјави за медиумите руски функционер.

Путин изјави дека мноштво екстремистички и терористички групации се активни на северот на Авганистан, меѓу кои се и Исламската држава, Ал-Каеда и Исламското движење на Узбекистан,.

„Според нашите информации (во Авганистан) има 2.000 борци на Исламската држава. Нивните шефови подготвуваат планови за ширење на влијанието во земјите од централна Азија и руските региони, со разгорување на етнички и верски судири и ширење на верската омраза“, изјави Путин во текот на обраќањето на самитот на земјите на Задницата на независни држави (ЗНД), организација на земјите поранешни советски републики.

Исламската држава на Корасан, најрадикалната авганистанска вооружена групација, ја презема одговорноста за низа атентати чија цел е да го дестабилизираат Исламскиот емират кој го прогласија тачлибаните.

Во повеќе медиуми, особно од Блискиот исток, се појавија информации дека борците на Исламската држава од регионот и од северна Африка, со помош на некои земји се ослободуваат од затворските логори и се префрлаат во Авганистан.

Русија е загрижена од ескалацијата на самоубиствените напади во Авганистан и стравува од дестабилизација на регионот и земјите на нејзините јужни граници.

Путин претходно седмицава рече дека закоравените џихадисти пристигнуваат од Сирија и од Ирак, а потоа руското министерство за надворешни работи го постави прашањето дали талибаните се способни да ги победат ривалските поекстремни групации.