Претседателот на Русија, Владимир Путин ги прекорил чиновниците во руската влада, затоа што јасно не објасниле на раководителите на областите, како да ја поделат паричната стимулација на лекарите и другиот медицински персонал кој работи во одделенијата каде се лечат заболените од коронавирусот.
Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко изјавил дека сите кои работеле со заболени од корона, најдоцна за неколку дена ќе го добијат додатокот кој им припаѓа.
Кон крај на минатата недела рускиот претседател се закани на раководителите на областите дека лично ќе одговараат ако до понеделник сите лекари и медицинскиот персонал кој работи со заболени од корона, не го добијат ветениот додаток на плата. Најавено е подигање на кривични пријави против оние кои ја саботираат одлуката на претседателот, да се наградуваат луѓето чии животи се директно загрозени, бидејќи постојано се во контакт со заболените од корона.
„Јасно реков дека во текот на три месеци лекарите на инфективните оделенија мораат на плата да добијат додаток од 80.000 рубљи, а медицинските сестри 50.000 рубљи. Награди се предвидени и за други медицински работници, се до возачите на Брза помош“, рекол Путин.
Руската влада префрлила пари од државниот буџет, ама лекарите на ги добија ветените рубљи, бидејќи администарцијата почна да ги комплицира процедурите и да пресметува кој лекар колку бил во болница каде се лекуваат заболените од короната.
Во Русија досега починаа 186 лекари и медицински сестри.