Рускиот претседател Владимир Путин е горд на рускиот фудбалски тим по поразот од Хрватска во четвртфиналниот натпревар на Мундијалот, изјави портпаролот на Кремљ, пренсеува Интерфакс.
Путин го гледаше натпреварот и навиваше на нашиот национален тим. Загубивме во чесен и величествен натпревар. Тие се за нас се уште големи, тие се херои. Гинеа на теренот, ние сме горди на нив , изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руската РИА додава дека Путин вчера два пати разговарал со рускиот селектор Черчесов, прво за да му посака среќа, а потоа и по натпреварот да му одаде признае за добрата игра и најдобриот руски фудбалски пласман досега.