![Vlaidmir Putin Valdai](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Vlaidmir-Putin-Valdai.jpg?resize=696%2C504&ssl=1)
На годишниот состанок на политичките аналитичари и новинари на кој го обвини Западот дека ја започнал војната во Украна, а особено САД дека арогантно им наметнуваат на другите држави правила како да се однесуваат, рускиот претседател Владимир Путин рече дека кон неговата земја се подигнува нова „железна завеса“.
Во обраќањето на годишното заседание на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“ во црноморското летувалиште Сочи, Путин рече дека Русија не е таа којашто ја започнала „таканаречената војна во Украина, туку токму напротив, ние се обидуваме да ја завршиме“, мислејќи на судирот кој избувна по превратот во Киев во март 2014 година меѓу тогаш неизбраната прозападна власт и доминатното руско население на југоистокот од земјата кога му беа укинати правата што го уживаше од осамостојувањето на земјата во 1990-те.
Путин повтори дека војната ја предизвикал Западот затоа што САД се однесувале како „хегемон“ кој себеси се смета за „еднинствениот арбитар за вистината на планетата“, и додаде дека Русија била принудена да возврати. Путин повторно ги обвини САД дека арогантно им наложуваат на другите земји како да се однесуваат.
Рече дека Западот кој од 2014 година ѝ наметнува санкции на Москва создава „нова железна завес кон Русија“, како во време на блоковската идеолошка Стидена војна од минатиот век.
„Не сме ние тие коишто ја затвораат вратата. Европа ја затвора вратата (….) Новата железна завеса штотуку се создава. Не ја ставаме ние, тоа го прават Европејците“, рече Путин.
Во Отава седат „идиоти“
Во истиот говор Путин го нарече „идиот“ поранешниот претседател на Долниот дом на канадскиот парламент Ентони Рота бидејќи во парламентот го покани и му ракоплескаше на 98-годишниот Украинец Јарослав Хунка кој се борел во нацистичката злогласна Waffen SS дивизија во текот на Втората светска војна која извршила страшни масакри врз Полјаци, Руси и Евреи, претставувајќи го како „борец против Русија“.
Интересно, и актуелната канадска вицепремиерка Кристина Александра (Криста) Фриленд е потомка на припадник на украинските нацистички единици, кој пребегал во американскиот окупациски сектор на Германија по Втората светска војна. Во Канада, инаку, по војната се засолнале најмногу припадници на воените формации во Украина кои соработувале со нацистичка Германија на Адолф Хитлер.
На порнаешниот нацистички војник Ханка му аплаудираа и канадските парламентарци, и премиерот Џастин Трудо и украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој има еврејско потекло, а наводно не знаеле за нацистичкото минато на Хунка кого го прогласија за „борец против Русија“.
Рота соочен со скандалот и жестоките критики од влијателните проеврејски здруженија поднесе оставка, а Трудо неубедливо се извини. Украинските функционери, пак, воопшто не го коментираа инцидентот на кој жестокот реагираше и Полска, еден од нивните најголеми поддржувачи во сегашната војна против Русија.
Путин во четвртокот на меѓународниот форум рече дека Рота требало да знае какво е минатото на Хунка пред да го претстви како Украинец кој се борел против Русија во Втората светска војна.
„Ако претседателот на канадскиот парламент вели дека овој канадско-украински нацист се борел против Русите, не може да не биде свесен за фактот дека се борел на страната на Хитлер, а не на страната на својата татковина, Канада“, рече Путин.
„Ако не знае дека Хитлер и неговите злосторници во војната се бореле против Русија, тој е идиот. А доколку покрај тоа знае дека тој човек се борел на страната на Хитлер и го нарекува канадски херој, тој е подлец“, додаде рускиот претседател.
Објавувајќи го почетокот, како што ја рече „специјална воена операција“ во Украина на 24-ти февруари 2022 година, Путин рече дека една од нејзините цели е денацизација (денацификација) на соседната земја, каде што по превратот во 2014-та отворено се слават ликовите како Степан Бандера и движењата кои во Втората светска војна биле сојузници на нацистичка Германија.
„Дегутантно е тоа што сите му ракоплескаа на овој нацист, а особено претседателот на Украина во чиишто вени теле еврејска крв. И самиот претседател на Украина стана и му ракоплескаше на нацистот кој убивал Евреи. Нели е тоа знак за нацизација на Украина“, рече Путин.