На Западот разработуваат сценарија за поттикнување нови конфликти на просторот на Заедницата на независни држави (ЗНД), настаната по распадот до поранешниот Советски сојуз, додека постојните, како на пример меѓу Русија и Украина, се резултат од распадот на СССР, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин на видео-конференцијата со челниците на разузнавачките агенции на ЗНД.
„Го знаме и тоа дека Западот разработува сценарија за поттикнување нови конфликти на просторите на ЗНД. Но ние и вака ги имаме веќе доволно такви“, истакна Пути.
Рускиот челник алудира на актуелните вооружени судири во постсоветскиот регион како руско-украинската војна, неодамнешниот обид за преврат во Казахстан, судирот меѓу Азербајџан и Ерменија, како и оној меѓу Киргистан и Таџикистан. Станува земји на самите руски граници во кои има големи руски заедници и одржуваат тесни врски со Москва.
„Доволно е да се погледне што се случува сега меѓу Русија и Украина, што се случува на границите на некои други земји од ЗНД. Се разбира, сето тоа е резултат на распадот на Советскиот сојуз, и сето тоа е разбирливо. Но ризиците од дестабилизација сѐ уште растат, вклучително и ризиците од дестабилизација на целиот Азиско-пацифички регион“, додаде Путин.
Рускиот претседател, исто така, истакна дека низ „тежок процест се формира поправеден светски поредок“.
„Униполарната стратегија неминовно се урива, тоа е објективната стварност која Западот категорично одбива да ја прифати. И гледаме сѐ што од тоа произлегува. Држејќи се до минатото и обидувајќи се да ја спроведуваат политиката на диктатот во сите подрачја – од меѓународните односи до економијата, вклучително и културата и спортот – овој фамозен колективен Запад создава нови проблеми и нови кризи“, истакна Путин.
На самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) претходно во септември, која ја иницираа Кина и Русија за соработка на централноазиските земји, веќе посочи на создавањето на противтежа на поредокот кој го наметнува Западот и ја поздрави „растечката улога на новите центри на моќ“ на глобалната политика. Своевремено, Путин распадот на СССР го нарече „најголемата геополитичка катастрофа XX век“ кога ќе се имаат предвид судирите кои настанаа меѓу поранешните советски републики, а во прв ред што околу 25 милиони Руси останаа вон границите на Русија поради границите исцртани во Советскиот сојуз.