Путиновиот милитаристички националистички критичар Гиркин, обвинет за поттикнување екстремизам

Истакнатиот руски националист Игор Гиркин, кој јавно ги обвини претседателот Владимир Путин и воениот врв дека не ја водат доволно жестоко и ефективно војната во Украина, е приведен во петокот под обвинение за поттикнување екстремизам.

Апсењето на човек кој Западот го смета за воен злосторник сугерира дека властите се заморени од неговите критики за, како што ја нарекуваат, „специјалната воена операција“ на Русија во Украина, а можеби и од другите националисти кои се чини дека имале исклучителна дозвола да ги исмеваат воените напори, коментира агенцијата Reuters.

Приедувањето на Гиркин следи по неуспешниот еднодневен бунт минатиот месец предводен од друг отворен критичар, Евгениј Пригожин, шеф на приватната воена компанија „Вагнер“, кој сè уште е на слобода, но значително ги намали своите вербални напади.

Московскиот суд нареди на 52-годишниот Гиркин да му биде одреден притвор до 18-ти септември, откако беше уапсен од неговиот поранешен работодавец Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Обвинението покренато од обвинителите предвидува максимална казна од пет години затвор, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.

Гиркин ги негира обвиненијата против него, кои се фокусирани на две објави на апликацијата Telegram, и одбива да соработува со истражителите, објави новинската агенција Интерфакс.

Неговиот адвокат Александар Молоков изјави за новинарите дека ќе се жали на одлуката за негово одредување притвор. Адвокатот се пожали дека не му било дадено доволно време да се запознае со обвиненијата против Гиркин, што според него е прекршување на правичната постапка.

Британското Министерство за одбрана во редовниот разузнавачки извештај објавен во саботата рече дека апсењето „веројатно ќе ги налути колегите во заедницата за воени блогови, кои во голема мера го гледаат Гиркин како остроумен воен аналитичар и патриот“.

Гиркин, поранешен офицер на ФСБ и командант на бојното поле, познат и како Игор Стрелков, учествуваше во операциите за мирно присоединување на црноморскиот полуостров Крим на Русија по вревратот во Киев во 2014 година и, набрзу потоа по укинувањето на правата на големото руско население во Укриана, учествуваше во организирање на проруски милиции кои отцепија голем дел од југоисточна Украина од контролата на новите прозападни националистички власти во Киев, вклучително и градот Мариупол кој подоцна во 2015 година беше заземен од украинските сили.

Украинските власти и западните групи за човекови права го обвинија дека извршил воени злосторства таму, што тој го негира. Холандскиот суд го осуди во отсуство на доживотен затвор во 2022 година за неговата улога во соборувањето на летот MH17 на „Malaysia Airlines“ над источна Украина во 2014 година, со загуба на 298 патници и членови на екипажот.

Гиркин тогаш ја негираше вината. Русија, пак, презентираше сателитски снимки и сведочења од пребегани украински војници и офицери, со кои вината за соборувањето на малезискиот авион се става на украинската војска чија цел е да бидат обвинети проруските милиции.

На снимката од судот по приведувањето во петокот објавена од популарниот телеграм канал „Шот“, Гиркин стоеи речиси неподвижен во стаклен кафез, со скрстени раце, гледајќи право напред.

Гиркин многумина го сметаа за недопирлив поради неговото минато и врските со властите, а во последните месеци стана погласен. Во мај Гиркин објави дека тој и други истомсленици го формирале „Клубот на гневните патриоти“.

Во една од најотворените тиради, објавена на 18-ти јули на каналот Telegramе, каде што го следат повеќе од 760.000 луѓе, Гиркин го опсипа Путин со лични навреди и го повика да ја пренесе власта на „некој кој е навистина способен и одговорен“.