Рјабков: Можно е САД да развијат оружје кое ќе ги испратат во Вселената

Тоа што Вашингтон одбива дијалог со Москва за прифаќање на заложбата дека нема први да испратат оружје во Вселената, можеби укажува на тоа дека САД имаат поинакви планови, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, коментирајќи ги тврдењата на САД дека Русија тестирала анти-сателитска ракета.

– Штом САД ја отфрлаат оваа иницијатива, логично заклучуваме дека Вашингтон сака да развие оружје кое може да се распореди во вселената, изјави тој за руската агенција ТАСС.

Тој тврди дека Русија има многу причини за загриженост поради активностите на САД во Вселената и нивните планови за распоредување ракетни одбранбени системи во космосот.

– Поради тоа Москва го повикува Вашингтон да не прави изговори за игнорирање на руските иницијативи или ветувања дека нема да бидат првите кои ќе испратат оружје во Вселената, рече Рјабков.