Трупањето на западно вооружување во Украина само ја усложнува ситуацијата за постигнување примирје и тоа ги прави конвоите со оружје легитимни цели на руските вооружени сили, предупреди во саботата заменикот на руискиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
„Ги предупредивме САД дека трупањето оружје во Украина од голем број земји оркестрирано од нив не е само опасен потег, туку акција којашто ги прави таквите конвои легитимни цели“, изјави Рјабков за Првиот канал на руската јавна телевизија
Во врска со оваа тема, Рјабков предупредува на последиците коишто може да ги предизвикаат „непромислените испораки“ на Киев на одредени видови оружје, како што се преносливаите противвоздушни ракетни и противтенковски системи.
„Сево ова не се сфаќа како сериозни сигнали. Компонентата на ескалација во политиката на Вашингтон, и покрај сите навестување дека се крајно одговорони и го одмеруваат секој чекор, апсолутно доминира“, додаде рускиот дипломат.
„Точно САД се изворот на максималните тензии на меѓународната сцена. Не зборувам за тоа што тие го прават во материјална смисла, поддржувајќи го криминалниот режим во Киев“, дополни Рјабков.