Русија беше присилена да го суспендира учеството во договорот Нов СТАРТ или СТАРТ-3 за нуклеарното вооружување откако САД, кои се откажаа да официјални да потпишат нов се одлучија за негово автоматско продолжување на уште пет години и поради тоа што Вашингтон го злоупотребувале за да ѝ помагаат на Украина да изведува напади врз локациите од стратешка важност на кои се одвиваа американските инспекции во Русија, појасни во четвртокот заменикот на рускиот министер за наддворешни работи Сергеј Рјабков,
Русија уште во април 2020 година им предложи на САД разговори и усогласувања за потпишување на нов договор СТАРТ-3 кој истекуваше на крајот од јануари 2021 година, но Вашингтон бараше оправдување во изборите и се колебаше и остави тој автоматски да продолжи според клаузулата од договорот за дополнителни пет години. Откако американската страна не ги дозволуваше изминатите години руските инспекции на стратешките локации во САД а во меѓувреме Вашингтон отстапи од бројни меѓународни и билатерални договори за контрола на оружјето и разоружувањето, минатата седмица рускиот претседател Владимир Путин објави а Думата го потврди чекорот Москва да го суспендира своето членство во договорот СТАРТ-3. Тоа предизвика голема вознемиреност во светот, особено во Европа каде што се стационирани американските нуклеарни проектили и чии некои челници, во прв ред од Велика Британија уште во 2020-та повикуваа промена на нуклеарната стратегија на НАТО и промена на овозможување ткн „превентивен нуклеарен напад“ врз Русија.
Говорејќи на Конференцијата на ОН за разоружување во Женева, Сергеј Рјабков рече дека САД и нивните западни сојузници сакаат стратешки пораз на Русија во Украина, обвинувајќи ги дека повеќе од деценија го подготвувале и организирале конфликтот во Украина.
„Ситуацијата дополнително се влоши по американскиот обид да ја ‘испитаат“ безбедноста на руските стратешки постројки, кои се како тавки востановени според Новиот СТАРТ, со помагање на Киевскиот режим во спроведување вооружени напади врз нив. Во таквите околности присилени бевме да најавиме суспендирање на договор“, рече Рајбков.
Претходно седмицава рускиот претседател Путин рече дека Русија и покрај суспендирањето на учеството во СТАРТ-3, ќе ги почитува одредбите од руско-американскиот договор за мерките за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје и дека двете страни ќе продолжат да разменуваат известувања за бројот на носачите на нуклеарни боеви глави.
Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година во Прага го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.
Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден искажуваше заинтересираност за нови преговори но без конкретни чекори, а Москва која во минатото искажуваше заинтересираност за нов договор, откако кон крајот на 2021 година САД и НАТО го одбија нејзиниот предлог за постигнување обврзувачки договор за намалување на безбедносните закани по Русија и особено по почетокот на војната во Украина, посочи дека американските барања од лани за продолжување на инспекциите се „лицемерни“ и „бесмислени“. Покрај тоа, Русија сега бара да бидат со нов договор опфатени и нуклеарните арсенали кои ги поседуваат сојузниците на САД во НАТО, во прв ред Велика Британија и Франција.