Eурофарм Пелистер и Алкалоид имаат загарантирана европска есен и зима со настапите во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, додека Вардар и Тиквеш се уште треба да се изборат за своето место.
ЕХФ денес го објави и терминот за одигрување на двомечот помеѓу Вардар и Рајн Некар Левен за место во групната фаза.
Германскиот претставник ќе гостува во Скопје на 26-ти август, а натпреварот ќе започне од 19:00 часот. Реваншот е на трети септември во Менхајм од 16:00 часот.
Ќе потсетиме, победникот од овој двомеч ќе оди во групата со Нант, Кристиајнштад и Бенфика.