Рааб: Русија и Кина се потребни за „умерено влијание“ врз талибаните

Обединетото Кралство би морало да им се обрати на Русија и Кина за да зивршат „умерено влијание“ врз авганистанските талибани, и покрај недовербата на Лондон кон владите на овие земји, изјави во неделата британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб.

„Ќе мора да привлечеме земји со потенцијално умерено влијание, како што се Русија и Кина, колку и тоа да биде непријатно“, вели шефот на британската дипломатија во разговорот за весникот The Sunday Telegraph.

„Британија иницираше состанок на Советот за безбедност на ОН оваа седмица за формирање контактна група за Авганистан. Доколку сакаме да имаме максимално примирувачко влијание врз талибаните, тогаш треба да работиме и со Индија, Пакситан и Кина и други земји, кои се засегнати од тероризмот и бегалците“, вели Рааб.

Според него, создавањето меѓународна контактна група за Авганситан ќе овозможи „да има посилно влијание врз талибаните и подобро да им се пренесуваат заедбничките идеи“.

Рааб додава дека слични иницијативи на Обединетото Кралство биле позитивно примени на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7, кој се одржа на 19-ти август во виртуелен формат.

Талибаните минатата недела ја преземаа власта од владата во Кабул којашто беше поддржувана од Западот, натерувајќи во бегство илјадници Авганистанци кои стравуваат од враќањето на нивниот строг и автократски режим од пред две децении.

Лондон и Пекинг неодамна се судрија по повеќе различни прашања, вклучително и поради пораншната британска колонија Хонгконг и наводните кршења на човековите прав на ујгурската муслиманска етничка грипа во покраината Синџијанг.

Лошите односите меѓу Лондон и Москва, исто така, беа продлабочени, уште од труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Англија со нервен агенс, што руската страна го негира, а потоа и со обвинувањата за наводното исто труење на опозицскиот активист Алексеј Навални, а кулминираше со провокацијата на британскиот воен брод крај Крим кога руската воена морнарица отвори преуредувачки оган. Последниот инцидент се случи кога Москв му го украти гостопримството на новинарот на BBC, одговарајќи на истиот претходен потег на Лондон кон руските медиуми во Британија.

Британските сили евакуирале 3.821 лице од Кабулк од 13-ти август, според наводите на британското министерство за одбрана, вклучително и 1.323 лица кои веќе стасале во Велика Британија. Тоа ги вклучува персоналот на амбасадата, британски државјани и оние кои ги исполнуваат условите во рамките за преселување и помош ARAP.

Поранешниот британски премиер Тони Блер во саботата оцени дека „напуштањето“ на Авганистан е „трагично, опасно и непотребно“, додавајќи дека тоа не е во ничиј интерес.

Поранешниот премиер, кој ги испрати британските трупи во Авганистан во 2001 година, рече дека одлуката на американскиот претседател Џо Бајден за повлекувањето е водена „не од голема стратегија, туку од политка“.

Блер додаде дека Британија треба сериозно да размисли откако, како птшто опиша, „малкуте и воопшто немањето консултации“ од САД за одлуката за повлекувањето.

„Ние сме во опаснот од испаѓање во втората поделба на глобалните сили. Можеби тоа не ни пречи, но одлуката би треболао да ја донесеме барем промислено“, рече Блер.