Работа за 400.000 долари плата и три месеци одмор – никој не се пријавува

Во руралниот дел на Нов Зеланд, во местото Токоро веќе две години се бара хирург кој би требало да работи за плата од 400.000 долари годишно и да има три месеци одмор во текот на годината. Меѓутоа, во последните четири месеци никој не се пријавил за работната позиција.

Доктор Алан Кени кој дошол од Велика Британија во ова место за да се вработи како хирург вели дека има константно работа и дка честомора да се откаже од одморот поради преголемиот број пациенти и недостиг на замена.

-Платата е навистина фантастична. Бројот на моите пациенти се зголеми претходнава година, а што повеќе пациенти имате, толку повеќе заработувате. Но, што е премногу, премногу е, вели Кени.

Пред две години неговата ќерка Сара дошла да работи како доктор за да му помогне и да му ја олесни работата на својот татко. Таа е единствен доктор од Нов Зеланд кој моментално е на пракса.

Освен добрата плата, Кени на кандидатот кој ќе се пријави му нуди и одмор во период од три месеци годишно, истакнувајќи дека од него нема да биде барано да работи прекувремено и за време на викендите. Но, без оглед на неговите услови, за работното место сеуште не се пријавил никој веќе четири месеци.

-Ја сакам својата работа и би сакал да продолжам да работам, но многу е тешко да најдам лекар кој ќе работи со мене и ќе ме замени, вели Кени.

Платата за практиканти во оваа земја се движи помеѓу 150.000 и 280.000 долари. Најголем проблем со руралните области, како што е ова место е изолацијата, недостатокот на образовние и друштвени активности, што луѓето ги одбива дури и кога станува збор за добра работа.