Кривична пријава за триесет и седумгодишниот К.М. кој со лажна диплома работел како наставник во ОУ „Хасан Тасими“ во с.Седларево.
Тој во текот на 2012 година, од Факултетот по природни науки при Универзитетот во Тирана обезбедил диплома, која подоцна ја фалсификувал, а потоа ја доставил до Министерството за образование и наука на Р. Македонија за што му е издадено решение за високо образовна квалификација и се вработил како наставник. По преземени мерки е утврдено дека се работи за фалсификувана диплома.