![artan grubi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/artan-grubi.jpg?resize=640%2C370&ssl=1)
Пратеникот од редовите на ДУИ и претседател на собраниската комисја за надворешна политика, Артан Груби, во Њујорк имал работен ручек со посредникот на Обединетите Нации во спорот за името, Метјуц Нимиц.
Груби му ги пренел на Нимиц неговите впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.
Двајцата соговорници разговарале општо за спорот и посредништвото на Нимиц и споделиле размислувања за актуелните збиднувања.
Според Груби, компромисот за името мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што би резултирлоа со оддржлив мир и стабилност во Македонија и регионот.