Работилница за улогата на парламентите во процесот на европска интеграција

Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Улогата на парламентите во процесот на европска интеграција“.

Работилницата е во рамките на Проектот за Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку Швајцарската амбасада во Република Македонија, а спроведувана од Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Центарот за управување со промени.Домаќин на работилницата е Комисијата за европски прашања.

Воведни говори ќе имаат заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и вишиот резидентен директор и тим лидер на Програмата за парламентарна поддршка Роберт Скот Хејзлет.

За улогата на Парламентот во преговорите за пристапување во Европската Унија искуството ќе го пренесат претставници на парламентите од Чешка, Хрватска и Црна Гора. За сбранието на Република Македонија и новата методологија на преговарачкиот процес ќе зборува Зоран Нечев од Институт за демократија „Социетас Цивилис“.