Работна група составена од заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири и директорката на Македонски народен театар, Симона Угриновска ќе треба да го испитаат начинот на кој е спроведена прославата на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ минатиот петок.
Ова беше одлучено на денешната владина седница, а тричлената работна група, премиерот Зоран Заев ја задолжи состави извештај за начинот на кој е одобрена и спроведена организацијата на настанот во Националната Установа МНТ.
Во извештајот треба да биде содржана и детална информација за евентуалната штета на инвентарот.